Македонска убавина: Прекрасен град со разумни цени

Град од мала држава, во Западен Балкан. Место на природна убавина и културно наследство. Место најчесто посетувано од домашните туристи и оние во дијаспората.

Место каде што можете да пливате во небесно синото езеро и да слушате прекрасна традиционална музика. Тоа е градот Охрид, во Република Македонија.

Вака го опишал Охрид Дејвид Мирабела, која патувал во повеќе од 50 земји, па Охрид го сместил во местата кои се најубави за посета за време на летото.

Според него, градот има медитерански дух, иако е опколен со планини. Но, како што вели тој, присутен е и Отомански амбиент, кој најмногу се забележува во градбите. Освен што можете да пливате и да се релаксирате на многубројните плажи, можете да ги посетите националните паркови и да планинарите во регионот околу градот, вели Дејвид.

Градот го истакнува и заради православната архитектура, односно многубројните цркви. Не изостанал од пофалби и прекрасниот поглед кон езерото и градот, особено ноќе. Дејвид го оценува Охрид како прекрасен град со разумни цени, за разлика од другите Европски градови, кој нуди различни културолошки активности, има аеродром, односно е лесно достапен, а како голема предност го потенцира немањето потреба од автомобил, бидејќи до многуте забавни и убави места може да се стигне пеш.