Македонска традиција – правење на домашна ракија

Домашната ракија во Македонија се смета за национален пијалок. Нешто природно, направено во домашни услови. Љубителите на ракијата, имаат неколку начини како да ја направат и како да добие подобар шмек.

Традицијата за правење на ракија во Македонија постои многу одамна.На почетокот се правела само од грозје, односно од вино, а подоцна и од други видови овошје, сливи, кајсии, јаболка, праски, цреши, капини, круши, смокви и дуњи. Исто така, популарна е и црната ракија која се прави од свежи ореви. Кај нас ракијата најчесто се прави од грозје.

За да направиш ракија не ти треба некоја посебна техника. Процесот на произведување ракија не е комплициран, но е потребно доста време и грижа. А со искуството доаѓа и квалитетот, велат производителите.

За разлика од индустрикски произведената ракија која во себе има околу 40 отсто алкохол, домашната некогаш има и над 50.

Во Македонија ракијата е или безбојна или пак има светло- жолта боја, но може и во други бои, се во зависност од што е направена.

Малите, прозирни чашки се наменети за пиење на ракија, а салатата е одлично мезе. Ракија и салата полн погодок за секоја прилика.

Есента е годишно време кога се бере грозјето и кога се пече ракијата. Се смета дека секое домаќинско семејство, во есен покрај тоа што ќе направи зимница, ќе купи дрва за огрев, треба и да испече ракија.