„Македонска пошта“ воведе систем за следење пратки од интернет-нарачки

„Македонска пошта“ jа реализира најавената новина во своето работење и отсега секој што нарачал нешто од интернет, ќе може да ја следи пратката.

-Сите граѓани што купуваат од странски продавачи пристигнувањето на својата пратка во „Македонска пошта“ и реализирањето на доставата веќе може да ги следат преку системот за следење пратки на „Македонска пошта“, поставен на веб-страницата www.posta.com.mk – информира денеска „Македонска пошта“.

Со ова, велат од таму, ќе ја зголемиме сигурноста на овие поштенски пратки и со високо изразена транспарентност ќе ги елиминираме сите сомневања за намерно или ненамерно губење на пратките од интернет-нарачка во „Македонска пошта“.

-Остануваме и понатаму на страната на нашите корисници и ги охрабруваме за сите дилеми или незадоволства да  не контактираат директно или преку доставување онлајн-рекламации на веб-страницата на „Македонска пошта- се вели во соопштението.