Македонки работат како негувателки - Германија во потрага по медицински кадар

Многу Македонки за подобар живот се одлучуваат да заминат на работа во Германија. Податоците покажуваат дека многу медицински лица се одлучиле, матичната земја да ја заменат токму со Германија.

Германија е во потрага по медицински кадар, најпотребни се негувателките. Побарувачката за нив е порасната за 50 отсто од 2015 година. За негување на стари и болни лица во моментов потребни се 35.000 негувателки, соопшти Employland.de.

Предвидувањата се дека во 2030 година недостигот на персонал во здравството ќе достигне речиси милион лица – покрај 165 илјади лекари, ќе недостигаат и 800 илјади друг медицински персонал. Интернационалната родителска иницијатива „Mother Hood" во 2017 година издаде предупредување во врска со патувањата на бремените жени – во делови на Германија поради затворените породилни сали и недостигот на бабици не може да се гарантира безбедно породување. Се смета дека само голем прилив на мигранти со овие занимања може да го реши проблемот.