Македонка загина на автопатот Белград-Ниш, две лица се борат за живот

Едно лице почина, а уште три се повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Белград-Ниш кај Умчари.

Како што неофицијално дознава Србија Денес, до несреќата дошло на пет километри од излезот кон Умчари, на автопатот кој е во правец на Ниш, кога автомобилот од марка „Ауди А6“ со македонски регистерски таблици излетал од патот.

Во возилото имало четири државјани на Македонија, двајца мажи и две жени на возраст од 30 до 35 години кои од Белград се враќале кон Македонија. Повредените се пренесени во Ургентниот центар, а според неофицијалните информации кои ги објави Србија Денес, во несреќата настрадала една од жените.

-Двајца од патниците се во тешка состојба и се борат за живот во Ургентиот центар. Во каква ситуација е возачот на автомобилот, нема информации, јавува Србија Денес.