Жена од Македонија успеала да се спаси од убиство во Германија нарачано од нејзиниот сопруг заради наплата на нејзиното животно осигурување од 250.000 евра.

Поради финансиските проблеми во кои се нашол во почетокот на 2017 година, 39-годишниот маж три пати се обидел да ангажира убиец на неговата 34-годишна сопруга.

Првиот пат побарал од пријател на сопругата да ја убие, но тој го одбил. Но, по дополнителен контакт со него со посредство, пријателот прифатил да го стори тоа за 50.000 евра. Сопругот му дал 7.300 евра, но човекот се изгубил и повеќе не се чуло ништо за него.

Потоа мажот контактирал со долгогодишна пријателка на својата жена и ја убедил да го изврши злосторот. Таа ја следела жртвата дури и во Шпанија и во Прага, а неколку пати ја демнела и во Хамбург.

На 29 ноември минатата година човекот конечно ја донел жената-убиец во својот дом во Јенфелд и ја вооружил со нож и со виздушен пиштол што ги криел во подрумот. Било наутро и тој заминал на работа, а жената се маскирала и влегла во спалната соба и се обидела да ја убие неговата сопруга, нанесувајќи ѝ убодни рани во стомакот и во грбот. Но, таа успеала да избега на балконот и да побара помош. Минувачите ја алармирале полицијата додека несудениот сторителот се оддалечил од местото на настанот.

Една недела подоцна полицијата ги уапсила мажот и девојката. Двајцата се обвинети за обид за убиство за нанесување тешки телесни повреди.