
Д-р Сања Пановска, родена во Делчево, за 2025 година е избрана меѓу 100-те најзначајни научници во Берлин од весникот „Тагесшпигел“.
Годинава е добитник на признание од Меѓународниот фестивал „Јаков од Камена Река“ Македонска Каменица.
Пановска, родена во Делчево, дипломирала физика на ПМФ во Скопје, магистрирала геофизика во Штип, а докторирала на Швајцарскиот Федерален Институт во Цирих. Постдокторските студии ги завршила на Универзитетот во Калифорнија, Сан Диего.
Од 2016 година е научен истражувач во Германскиот центар за геофизика во Потсдам, а од 2025 е лидер на истражувачка група. Раководи со европски проект од 2 милиони евра доделен од Европскиот истражувачки совет.
Во 2025 година е избрана меѓу 100-те најзначајни научници во Берлин од весникот „Тагесшпигел“. Наратор е на документарниот филм „Магнетен Мозаик“, награден од УНЕСКО во категоријата Жени во науката.
Пановска е и коапликант на едукативниот проект „Тимот на Бимбим“ и автор на детската книга „Мојата Земја“, преведена на повеќе јазици.
Несомнено, Македонија има големи умови со кои треба да се гордее - репрезенти низ светот!