Македонија замина за Гранада (ФОТО)

Македонската експедиција се упати кон градот каде што во сабота ќе го одигра квалификацискиот меч со Шпанија.

Македонскиот национален тим утринава замина кон шпанскиот град Гранада каде што во сабота ќе го игра квалификацискиот меч против Шпанија. Костумосани фудбалерите, стручниот штаб и медицинскиот тим заминаа кон јужниот шпански град.

Вечерва селекцијата ќе одржи еден тренинг во Гранада, а утре ја има официјалната подготовка на стадионот во овој град. Дуелот се игра во сабота во 20:45 часот, а сите случувања околу националниот тим во Гранада следете ги на „Македонски спорт“ во електронското и во печатеното издание. 

Фото: Телеграф.мк