Македонија загуби од Иран

Фудбалската репрезентација на Македонија вчера го одигра вториот од двата контролни меча против репрезентацијата на Иран. Натпреварот заврши 3:1 во корист на екипата на Иран. Головите за противничкиот тим ги постигна Сардар Азмун, фудбалерот на Рубин од Казан, кој сезонава настапуваше за Ростов како позајмен играч. Возбудувањата започнаа во 8-мата минута кога Иран дојде во предност, но нашите успејаа да вратат само две минути подоцна. Повторна предност Иран доби во 20-тата минута, како и 60-тата кога ги закопа и нашитеп оследни надежи. За Македонија голот го постигна Александар Трајковски. Трите гола ги примивме поради сериозни грешки во одбраната, со што заслужено загубивме. По минатонеделниот натпревар со Азербејџан, нашите репрезентативци беа во добро расположение и победнички дух, но сепак Иран не приземји.

По завршувањето на натпреварот селекторот на нашата репрезентација излезе со коментар дека целосно ја превзема одговорноста за поразот. „Јас сум виновникот за поразот. Загубивме од многу поквалитетен тим, каков што е Иран. Пресудија индивидуалните грешки, но не ги обвинувам фудбалерите затоа што јас тој то ги одбра и ги стави во тимот. Сакавме да покажеме повеќе, но некогаш можеш да играш онолку колку што ќе ти дозволи противникот. Јасно е дека не сум задоволен од тоа прикажавме на оваа средба“ - изјави Ангеловски.