Македонија во трета фаза, Куманово, Скопје и Дебар се во четврта

Според последните податоци, објавени вчера, број на заболени со коронавирусот во Македонија изнесува 570. “Проценката на ризик на Светската здравствена организација (СЗО) на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е многу висок. Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:

Скопје е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).

Куманово е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).

Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 3 (локализирана трансмисија)“, стои во анализата на податоците од страна на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), заклучно 5. април, во делот кој се однесува на проценките за понатамошно ширење на вирусот во Македонија.

Како што е познато во земјава моментално карантин е прогласен единствено во општините Дебар и Центар Жупа, на 13.03.2020 година во времетраење од најмалку 30 дена. На територијата на Македонија е прогласена вонредна состојба на 18.03.2020 година во времетраење од најмалку 30 дена.

Од вчера има дополнителни ограничување за движење на територијата на целата држава. (izvor-emagazin.mk)