Македонија вечерва против Велс во обид за бараж за Светското првенство 2026 година

Фудбалска репрезентација на Македонија синоќа го одработи последниот тренинг на Градскиот стадион во Кардиф каде вечерва со почеток од 20:45 часот ќе му гостува на Велс во последниот натпревар од квалификациите за пласман на Светското првенство 2026.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе се обидат да останат непоразени и со тоа да изборат бараж за Мундијалот.

Во случај на чудо во Лиеж и победа на Лихтенштајн над Белгија, тогаш македонската репрезентација може и до директен пласман на СП ако триумфира во Кардиф.

На Велс за освојување на второто место во групата, му треба победа над нашата репрезентација која нема пораз цел квалификациски циклус.