Македонија утрово се наоѓа во топ 10 најзагадени земји во светот

Според светската страница која го мери квалитетот на воздухот „Аирвижуал“ Македонија ова утро се наоѓа во топ 10-те најзагадени земји во светот.

Нашата земја е рангирана на 9-тото место во друштво на Индија, Авганистан, Бангладеш, Русија, Австралија како и земјите од регионот.

На првото место ова утро се најде Босна и Херцеговина како најзагадена земја во светот, а Сараево најзагаден град.

Инаку со почетокот на Новата година Македонија непрестанато се гуши, додека властите вообичаено не мрднуваат со прст.