Македонија утре ќе слави- познато во колку часот шампионите утре ќе слетаат во Скопје!

Екипата на Вардар е нов европски првак откако вчера во Келн во финалето на ракометната Лига на шампиони, го совлада Пари Сен Жермен со 24:23. Ракометарите на Вардар утре во 11 часот ќе слетаат на скопскиот аеродром.

Како што заслужуваат, македонските фанови ќе ги пречекаат рамкометарите на Вардар утре- кога ќе слетаат на аеродром и ќе ги придружуваат сѐ до плоштадот Македонија.

Ова синоќа го потврди и градскиот татко Коце Трајановски.

-Град Скопје во вторник ќе го организира пречекот на нашите шампиони. Да ги дочекаме достоинствено, напиша на својот ФБ профил Трајановски.

Македонија го доби првиот европски ракометен шампион во машка конкуренција и по 15 години повторно има екипа континентален првак.

new nike air max 2019