Македонија со најголема стапка на невработеност меѓу земјите од поранешна Југославија

Македонија 2018-та година ја заврши со убедливо најголема стапка на невработеност од сите екс-југословенски републики, објави Анадолија. Невработеноста во Македонија во претходните 12 месеци е намалена за 2,1 процент, но земјата со 20,8 отсто невработеност најлошо котира во регионот кога станува збор за пазарот на трудот.

Најголем успех во намалувањето на невработеноста во 2018-та постигна БИХ

Иако забележа највисоко редуцирање од дури 5,1 проценти, Босна и Херцеговина останува претпоследна во регионот. со стапка од 18,4 проценти.

Невработеноста е исто така намалена за 3,3 отсто во Црна Гора лани, но сепак е генерално висока.со вкупна стапка од 14,1 % ид работоспособното население.

Со остварената стапка на невработеност од само 5,0 отсто, Словенија е најдобра во регионот кога станува збор за пазарот на трудот. Словениците минатата година забележа намалување на стапката на невработеност од 2,8 отсто, а со тоа достигна најниско ниво на невработеност во последните десет години (од 2008 година).

Хрватска и Србија се единствените две земји каде што се зголемила невработеноста во 2018-та за разлика од почетокот на истата година. Стапката на невработеност во Хрватска изнесува 9,4 отсто, што е малку повисока отколку на почетокот на годината, а минимално е полоша и во Србија лпка минатата година заврши со стапка на невработеност од 11,3 отсто