Македонија се уште на црна листа по бројот на несреќи при работа - работодавачите не вложуваат за заштита на здравјето на работникот

Македонија се уште на црната листа по бројот на несреќи при работа.

Во 2017 година регистрирани се вкупно 134 лица и тоа најчесто на возраст од 25 до 34 години додека 30 работници го загубиле животот. За жал голем дел од работодавачите се уште сметаат дека  вложувањето во безбедноста и здравјето при работа е трошок додека кај  вработените пак постои страв дека ќе го изгубат  своето работно место доколку пријават.

Со измени во  законската регулатива  , особено со  построги казни  и инспекциски надзор се очекува поголема  безбедност на работниците.

Инаку од македонското здружение за заштита при работа со дополнителна едукација ,обуки и проекти се обидуваат да ја подобрат сликата и нагласуваат дека во обезбедувањето на безбедни работни услови потреба е вклученост од сите страни.