Македонија се празни - младите ни избегаа

Младите се иселуваат од земјава за да најдат работа. Се празнат градовите низ Македонија. Родители, чии деца „избегале“, велат дека болката е голема, а живтот осмаен .

Скопјанката Весна има 66 години. И таа и сопругот се пензионирани работници, кои оствариле право на пензија од едвај 10 илјаци денари како што вели. Но, немаштијата е мала болка во однос на тагата по двете деца што заминале во странство да бараат подобри услови за живот.

„Се иселија сите младите.Јас имам син и ќерка, синот замина на 18 години, зашто беше без работа, а ќерката седеше уште 5 година по него. Почна да се занимава со приватен бизнис и тоа не одеше. Реши, се омажи и си отиде. Немаше од што да се живее. Синот е во Шведска, а ќерката во Германија. Многу сум тажна, посебно кога доаѓаат празници. Без децата е животот осамен и запустен, вели Весна од Ченто.

Многу родители ја делат судбината на оваа жена. Тагуваат по своите деца, а голем број граѓани се крајно незадоволни од условите за живот.

Во 2016 година од Македонија се ислелиле 630 лица, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика.Според структурата најбројни кои си заминале од државата лани биле мажите на возраст од 30 до 64 години.

Бројките на статистика покажуваат дека лани од државава си заминале 265 жени и 365 мажи.Од нив според старосната граница си заминале вкупно 41 дете на возраст до 14 години, потоа 86 жени на возраст од 15 до 29 години и 99 мажи од 15 до 29 години, 136 жени на возраст од 30 до 64 години и 217 мажи на возраст од 30 до 64 години.

Минатата година од Македонија се отселиле и 51 пензионер на возраст од над 65 години.Оваа се официјалните бројки, но неофицијалните проценки се дека бројот на граѓани кои се иселиле од земјата се поголеми.