Македонија се надева на добар пласман на Европското првенство во ракомет

Со четири натпревари кои ќе се играат попладнево во Сплит и Пореч, ќе започне 13-то Европското првенство за ракометари кое ќе заврши на 28 јануари во Хрватска. Титулата ја брани репрезентацијата на Германија.

На шампионатот, на кој ќе учествуваат шеснаесет репрезентации, ќе настапи и селекцијата на Македонија, која своите средби од првата фаза ќе ги игра во Загреб, каде за противници редоследно ќе ги има Словенија, Црна Гора и Германија.

Ова е петто учесто на најдобите македонски ракометари на континенталните натрпеварувања. Најдобар успех е оној од шампионатот во Србија во 2012 година кога го освоивме 5. место.

Избраниците на Раул Гонзалес се надеваат на добар пласман на ЕП.

Веруваат во своите квалитети, но ја очекуваат и поддршката од македонските навивачи кои за нив се „ветер во грб“ на овие големи натпреварувања.

Токму во загребска „Арена“ пред девет години Македонија се врати на големите натпреварувања, откако на тогашното Светско првенство на кое Хрватска беше домаќин, го освои 11. место. Во мечот со Ј. Кореја и со голот на Столе Стоилов, по асистенција на капитенот Кире Лазаров, Македонија ја победи Ј. Кореја и го освои 11. место на Мундијалот, што во тоа време беше голем успех, со оглед на апсистенцијата од големите натпреварања. Ракометот стана национален спорт број еден, а сите деца сакаа да бидат Кире Лазаров. Таа година еден од најдобрите светски десни бекови стана најдобар стрелец на шампионатот на сите времиња, а неговиот рекорд се уште не е соборен (92) .

Селекциите се поделени во четири групи, од кои само најслабо пласираните нема да минат во главната фаза.

На програмата денеска се дуелите во А и Б конкуренција, а двојките се:

А група (Сплит): Шведска – Исланд (од 18:15 часот) и Хрватска – Србија (20:30 часот)

Б група (Пореч): Белорусија – Австрија (од 18:15 часот) и Франција – Норвешка (20:30 часот).

Средбите од 1.коло во Ц и Д групите на програмата се утре.