„Македонија лек“ ќе добие само парична казна, договорот нема да се раскине

Парична казна за фирмата – увозник „Македонија лек“ и вработените од вакциналните пунктови.

Ова е епилогот од завршената анализа по скандалот со откриените 650 кутии МРП вакцини со погрешна анализа.

-Договорот со фирмата, сепак, нема да се раскине, вели министерот за здравство Филипче, но како превентивна мерка на следниот тендер „Македонија лек“ нема да може да конкурира.

Епидемијата од морбили во Скопје се прошири и во Карпош. Денеска е детектиран нов случај за прв пат во оваа општина, а уште пет се сомнителни. На Инфективно бројката на хоспитализирани лица стигна до 30.

Зимскиот распуст за учениците нема да биде продолжен. Единствено се разгледува предлогот на Комисијата за заразни болести да се започне постапка за вакцинација во училиштата. Податоците велат дека околу 4000 ученици од прво до деветто одделение ја немаат примено МРП вакцината.

Изминативе две недели од кога е прогласена епидемија на морбили, во здравствените установи се вакцинирани нешто над 2000 лица.