Македонија ќе испраќа хуманитарна помош на Албанија, која е погодена од поплави

На  41. седница Владата на Република Македонија донесе одлука да испрати хуманитарна помош на Албанија, која е погодена од поплави.

Одлуката е донесена откако била разгледана доставената информација од страна на Амбасадата на нашата земја во Тирана за состојбите во Република Албанија по големите поплави.

Владата ги задолжи Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за надворешни работи и другите надлежни институции во рок од три дена да достават предлог-решение за испраќање хуманитарна помош кон регионите во Албанија кои се зафатени со поплавите.