"Македонија виа Италија" - изложба на фотографии од Влатко Рафески утре во КИЦ

Влатко Рафески има посебна чест и задоволство да Ве покани на првата самостојна изложба на фотографии со наслов "Македонија виа Италија" која ќе се оддржи на 3 мај (среда) во Културно-информативниот центар - Скопје.

Фотографиите ќе бидат изложени во салонот Империјал 1 со почеток во 20:00 часот.

Влатко Рафески со пејсажна фотографија се бави повеќе од 12 години, но љубовта кон истата трае многу подолго. Со пејсажите е вистински амбасадор на убавините на природата, посебно на убавините на Македонија, но низ неговиот објектив имаат поминато и голем број на пејсажи од други земји.

Неговото портфолио носи голем број на признанија како од Македонија така и надвор од неа, вклучувајќи учества на бројни фотографски манифестации, светски конкурси на фотографија (35 awards, World Photography Organisation by Sony awards, International landscape photographer of the year, WPE и други), групни изложби, вебинари и предавања, фестивали и друго.

На изложбата ќе бидат претставени 20 фотографии во голем формат со најубавите планински пејсажи од Македонија и италијанските Доломити.

Изложбата ќе биде отворена до 15.05.2023 година.