Македонија го одбележува денот на народното востание на македонскиот народ

Денеска се одбележува 11 Октомври, Денот на народното востание. Македонија одбележува 79 години од почетокот на антифашистичкото востание.

Организираното востание на македонскиот народ против бугарскиот, италијанскиот и германскиот окупатор за ослободување на земјата започнало на 11 Октомври 1941, кога Првиот прилепски партизански одред ја нападнал бугарската полициска станица Участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп.

Во нападот учествувале 16 партизани, распределени во три групи. Ослободителните дејствија продолжиле на 12 октомври во Куманово каде во областа Студена вода бил формиран Кумановскиот (Козјачки) партизански одред, а во областа Менкова колиба Карадачкиот одред.

Од првите партизански одреди кои ја почнале борбата, Народноослободителната војска на Македонија на крајот од четиригодишната војна прераснала во добро организирана 110-илјадна армија со воени формации од највисок ранг.

На Партизанските гробишта во Бутел во Скопје ќе бидат положени цвежиња, а ќе биде доделена идржавната награда „11 Октоври“ за 2019 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес.

Во Прилеп ќе се одржи свеченост пред спомениците на Методија Андонов-Ченто и Кузман Јосифоски-Питу.

Ќе биде одржан марш во чест на паднатите борци и ќе бидат положени цвеќиња на Могилата на непобедените.