
Македонските фудбалски репрезентативци вторпат по ред ќе играат во баражот за Светското првенство.
На ждрепката во Цирих, Македонија ја доби Данска за полуфинален ривал во баражот за учество на Мундијалот.
Македонија ќе гостува кај Данците на 26 март. При победa финалниот бараж натпревар за место на Светското првенство се игра на 31 март.
При победа и изненадување против скандинавците, македонските фудбалери би вкрстиле со Чешка или Ирска.
Финалниот натпревар ќе се одигра во Ирска или Чешка во зависност од победникот меѓу овие две држави.