Македонија ги доби противниците на Светското првенство во ракомет

Машката ракометна репрезентација конечно ги дозна противниците кои ги очекуваат во групната фаза од Светското првенство, кое ќе се одржи наредната година во Франција.

Македонија е распоредена во групата Б, која е доста тешка според предвидувањата, каде играат други 3 европски репрезентации, плус африканскиот вице-првак, кој не елиминираше во квалификациите за летните Олимписки игри во Рио. За да обезбедат осмина-финален настап, нашите ракометари ќе треба да бидат најмалку четврти во групата, за потоа да добиеме противник од групата А. Петтиот настап на Македонија на најелитнот светско натпреварување во овој спорт ќе се одржи помеѓу 11ти и 29ти јануари 2017 година во Франција.

Прегледот на групите можете да го погледнете на сликата подолу.