Новинарот Ивор Мицковски со став за актуелните состојби во нашето општество кои несомнено подолго време го прават животот „тежок и неподнослив“.
- Синот на Заев стана сопственик на фирма за електрична енергија. Синот на Али влегува во бизнисот со струја. Внукот на Али купува трговски центар. Луѓе блиски на Артан Груби купиле хотел на Попова Шапка за 55.000 евра, колку што вреди викендичка или мал стан во Скопје. Сопругата на Ковачевски добила земјиште од Владата на Ковачевски.
Вакви случаи за кои не се збори има милион, кој министер платен со стан, кој поткупен за да се дила слободно, кој градел дивоградби, кој краде директно од буџет, кој рекетира фирми, итн, итн.
Македонија е несреќа, украден сон за држава и нормално општество, а оние кои мислеле и правеле добро се претворени во несреќни луѓе, без ништо и без иднина.
Каков крај… - вели Мицковски во својот статус со кој многумина се согласија.
Ваква ли е реалноста во Македонија?