Македонија е на врвот во Европа по многу дебели деца - секое трето дете на седум години е со зголемена телесна тежина

Македонија е на врвот во Европа по многу дебели деца. Пред нас се само Малта и Грција и Сан Марино. Овие загрижувачки податоци се презентирани на последниот Европски конгрес за дебелина. Во земјава секое трето дете на седумгодишна возраст се со зголемена телесна тежина, а дури 4,4 проценти од второоделенците имаат екстремно повеќе килограми од нивните врсници од државите во ЕУ.  Експертите по јавно здравје предупредуваат дека овие деца се под голем ризик за многу сериозни бовести.

- Тие деца ако сега имаат ваков проблем и во иднина ќе го пренесат. Може да заболат од некои вдови рак, ќе имаат проблеми со спиењето, пореметување на гастроентестиналниот систем, изјави доц. д-р Игор Спироски, од Институтот за јавно здравје.

Според доктор Спироски алармот со деебелината кај децата е вклучен од поодамна и неопходно е властите итно да почнат со мерки, пред се да им се овозможат услови за поголема физичка активност бидејќи тоа една од причините за вишокот килограми кај децата.

-  Да им се овозможат услови за поголем физичка активност, пове3ќе велосипедски патеки, да се субвенционираат спортските сали и вежбањето да не биде привилегија само за оние кои имаат пари, додаде д-р Спироски.

Од друга страна со години тапка во место иницијативата за повеќе часови по физичко, но и да се овозможи децата нема каде да вежб аат бидејќи според податоците од ИЈЗ дури 39 проценти од училиштата немаат спортски сали.