Македонија е на 56 место на Индексот на прекинато детство

Во овогодишниот Индекс на прекинато детство Македонија е на 56 место од 172 држави во светот. Во регионот, БиХ е на 35 место, Србија на 41, Црна Гора на 44, а Албанија на 71 место.

Словенија заедно со Норвешка го дели првото место меѓу држави во светот во кои детството е најмалку загрозено.

Организацијата Спасете ги децата новиот извештај го објави на Меѓународниот ден на детето, предупредувајќи дека најмалку 700 милиони деца или една четвртина од светската популација на деца го завршува прерано детството.

Судирите, малолетните бракови, малолетничката бременост, екстремното насилство, неможноста за школување, работните обврски, неухранетоста и смртта им ги скратуваат на децата нивните права да учат, растат и да ги развиваат своите потенцијали во сигурно опкружување, се наведува во извештајот.

Податоците се добиени од агенции на ОН.

Словенија, која се најде во врвот на таа класификација, докажува дека промислената одлука да се инвестира во здравство и благосостојба на децата може да има голем ефект, отколку националното богатство и дека промената е можна кога благосостојбата на децата станува приоритет.

Спасете ги децата истакнува дека детвото е најмногу загрозено во западните и централно африканскита држави - најлошо се рангирани Нигер, Ангола, Мали, Централноафриканската Република и Сомалија.