Ракометната репрезентација на Македонија денес силите ќе ги одмери против репрезентацијата на Катар. Натпреварот почнува во 15:30 и ќе се игра во салата во Вараждин. Нашата репрезентација во овој дуел важи како благ фаворит и со победа може да се надеваме на солиден пласман на конечната табела на Светското првенство.
Шансите Македонија да оди понатаму во теоријата постојат но тоа е речиси невозможно со оглед дека во последното коло за противник ја имаме репрезентацијата на Франција.
„Катар имаше одлични натпревари на Светското првенство. Борбена селекција со многу натурализирани играчи кои прават разлика на теренот. Нè очекува уште еден неизвесен натпревар. Очекувам уште еднаш да бидеме на високо ниво. Ќе видиме дали тоа ќе биде доволно за позитивен резултат“, рече секогаш претпазливиот селектор Кирил Лазаров.
Денеска во групата 2 се играат и мечевите Холандија - Франција и Унгарија - Австрија.