Македонија дел од Балканското првенство во атлетика во сала

На престојното Балканско првенство во атлетика во сала што ќе се одржи утре во Белград, Македонија ќе биде претставена со 10 атлетичари и атлетичарки.

На шампионатот се очекува да настапат околу 300 учесници од 15-те држави членки на АБАФ.

Кај мажите за Македонија ќе настапат: Сашко Голубиќ и Александар Таневски (трка 60 метри); Дарио Ивановски (трка 3.000 метри) и Александар Таневски (скок во далечина).

Во женска конкуренција Македонија ќе ја претставуваат: Јана Митовска и Дрита Ислами (трка 60 метри); Катерина Тимчевска (трка 400 метри); Рената Соколовска (трка 800 метри); Бесијана Мустафа (скок во височина); Мартина Мироска (скок во далечина) и штафета 4 х 400 метри (Митовска, Ислами, Тимчевска и Кристина Јосифовска).

cheap nike air max 90