Македонија без возови, железничарите штрајкуваат

Железничкиот товарен сообраќај во Македонија е во целосен прекин од вчераутро , а од полноќ и патничкиот железнички сообраќај.

Вработените во МЖ Транспорт АД Скопје се во штрајк бидејќи се незадоволни од доцнењето на вториот дел од платата за октомври.

МЖ Транспорт АД Скопје вчера соопшти дека железничкиот товарен сообраќај е во целосен прекин од вчера од 07,30 часот, а патничкиот железнички сообраќај од станица Скопје Патничка се одвиваше до полноќ.

Претставници на машинскиот персонал велат дека прекинот на железничкиот сообраќај ќе трае до исполнување на поставеното барање – исплата и на ноемвриската плата до 25-ти декември.