Македонец си ја убил сопругата на паркинг во Австрија

Македонски државјанин кој живее Австрија ја убил вчера напладне својата сопруга, пренесуваат австриските медиуми.

Жената, истотака со потекло од Македонија, била на 31-годишна возраст, а убиството се случило на паркингот пред супремаркет во Тулн. Мажот ја убол сопругата со нож во вратот, пришто таа починала на лице место, а сопругот бил уапсен.

Само во првите три недели од годинава се случиле пет убиства во Австрија, од кои сите жртви се жени.

Како што пренесе српската новинска агенција „Танјуг“, лани во Австрија регистрирани се 78 убиства, што е рекорден број.

Убиствата ги извршиле 41 лице од Австрија и 37 странци. Меѓу убијците кај странците најголем дел се од Србија и Косово, чиишто граѓани извршиле по седум убиства.