Македонец се бори за живот во Хрватска: Направил сообраќајка со камион

Четириесет и деветгодишен Македонец се бори за живот во болницата во Сисак, Хрватска, по тешката сообраќајна несреќа што се случила вчера во 2 часот по полноќ.

Како што објавува „Вечерњи лист“, несреќата се случила кога македонскиот државјанин, управувајќи камион со приколка, не се придржувал до потребното растојание во однос на возилото пред него, при што дошло до судир со камион со романски регистарски таблички. 

Повредени се три лица.