Македонец казнeт со 1.500 евра во Дубровник, возел пијан без возачка дозвола

Хрватската полиција запрела 33-годишен државјанин на Северна Македонија на 6 август во еден и пол часот по полноќ на улицата Иво Војновиќ во Дубровник.

Тој возел пребрзо низ улиците и не застанал на полициските звучни и светлосни сигнали на полицијата, ниту пак имал возачка дозвола. На возачот му биле измерени 2,65 промили алкохол во крвта.

Општинскиот суд во Дубровник му изрекол парична казна од 1.500 евра плус уште 30-ина евра за судски трошоци, како и тримесечна забрана на управување возила од Б категорија.