Македонците за 1.000 евра ,,навалија” во Занзибар - не е потребен негативен тест на корона вирусот

За околу 1.000 по лице и без ПЦР тест, патувањето во Занзибар периодов актуелно помеѓу Македонците. 

Една група на патници се врати на крај месец февруари, друга ќе тргне на крај на март. Заинтересираноста е голема велат од туристичките агенции. 

Цената се движи околу 1.000 евра, плус 200- 300 евра, зависно од барањата на патниците, за 9 ноќа, односно 11 дена. 

Рајска дестинација со најубави плажи, вака се опишува Занзибар, кој оваа година има исклучително пониски цени за разлика од порано, па поради тоа и заинтересираноста е поголема.