Нема македонски државјани кои се обратиле за помош или евакуација од Либан, велат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
„Поради влошенета безбедносна ситуација во Либан, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија во неколку наврати ги повика сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава, да ја напуштат во прва можна прилика и апелираше да се одложат сите патувања кон оваа држава, кои не се неопходни“, посочуваат од Министерството.
Министерството ги има ставено сите свои капацитети за асистенција на македонските државјани преку 24 часовниот СОС дежурен телефон на Министерството за надворешни работи +389 75 268 736 (мејл адреса: globalsos@mfa.gov.mk).