Македонците се светско чудо – со мизерен стандард насекаде ги бодрат своите спортски херои!

Присуство на неколку илјади Македонци на трибините во салата „Арена“ во Загреб, но и на речиси сите големи спортски натпреварувања на кои учествуваат жолто-црвените, е феномен кој во многу други држави се обидуваат, засега неуспешно, да го разјаснат и да го објаснат на сопствената јавност, пренесува Sport1.

Такво нешто направија и црногорските медиуми, кои удрија по своите навивачи, но и по федерацијата, туристичките агенции и сите други кои се директни или индиректни чинителе во една спортска манифестација. Во една одлична анализа на интернет-порталот „Фосмедиа“, се обидува да направи споредба на спортските вљубеници во нивната и во нашата земја, поентирајќи дека Црногорците навиваат за победниците, додека Македонците секогаш ги бодрат само - своите.

Текстот на новинарот Бранко Кривокапиќ може да го прочитате на следниот линк.