Македонците се одлучуваат за одмор во септември - без гужва и ниски цени

За да се разладат, а сепак да поминат поевтино Македонците се почесто одат на одмор во јуни или септември. Цените се значително пониски, на некои дестинации чинат и двојно помалку отколку оние во јули и август.

Погледнете што го прави јуни или септември најдобрите месец за патување:

Избегнете ги гужвите

Луѓето кои имаат деца на школска возраст се присилени да одат на одмор во текот на сезоната, бидејќи таа се поклопува со распустот. Исто така, туристите од западните земји најчесто одат на одмор во текот на „жешките месеци“. 

Поради ова, најдобрите дестинации секогаш се најпосетени во текот на јули и август. Доколку сакате да ги избегнете гужвите и да имате малку поопуштен одмор, тогаш септември е вистинскиот месец за вас.

Одлична клима

Медитеранските земји имаат совршени климатски услови за одмор во септември. Летото сѐ уште трае, но деновите не се толку топли како во јули или август. 

Морето е пријатно за бањање, деновите и натаму се долги и сончеви, но вечерите стануваат многу поубави и посвежи и веќе нема да ви биде потребен климатизер за да спиете.

Подобри зделки

Фактот што септември се смета за вонсезонски месец ги прави аранжманите многу поевтини отколку во врвот на сезоната. Во одредени години кога помалку луѓе патуваат на прекрасните дестинации за одмор, се случува и онака пониските цени дополнително да бидат снижени. Но, одморот во септември не значи само заштеда на цената на аранжманот. 

Локалите на местото каде што патувате, превозот, турите со бродови, изнајмувањето автомобил и сите други услуги обично стануваат поевтини кога побарувачката се намалува. Токму затоа, вкупната цена на одморот во септември за двајца, може да ве чини колку одмор за еден човек во врвот на сезоната. 

Времето е пријатно

Иако септември веќе ја најавува есента, времето може да биде навистина прекрасно. За сите оние коишто сакаат да ги избегнат летните горештини и сакаат да се опуштат во умерено и пријатно време, септември го нуди сето тоа.

Имате можност за вонсезонски активности

Додека пропуштате некои сезонски активности, секогаш постојат нови можности коишто ви ги нуди токму септември. Во зависност од вашата посакувана дестинација, ќе имате можност да искусите многу вонсезонски активности коишто ќе ви ги збогатат вашите спомени.

Поголеми попусти на потребните работи

Доколку отпатувате во септември, ќе имате можност да ги купите потребните работи, а притоа да заштедите. На пример, ќе можете да купите костум за капење по доста пониска цена, производите за сончање ќе ве чинат помалку, а исто така ќе заштедите и ќе имате средства да си дозволите да купите и други работи во коишто би уживале.