Македонците се најрелигиозен народ на Балканот

Со 88 проценти, народот во Македонија е најрелигиозен народ на Балканот. Ова го покажуваат податоците од студија што во светски рамки ја спроведоа „Галуп интернешнл“ и „Вин“.

По нас следат Хрватите, каде 70 проценти од населението се изјаснило како религиозно.

Петте земји во светски рамки каде што најголем процент од испитаниците се идентификувани како религиозни се Етиопија, Малави, Нигерија, Шри Ланка и Јемен, каде што позитивно се изјасниле околу 99 проценти од луѓето.

Религијата најмалку го засега населението во Кина (7%), Јапонија (13%), Естонија, Шведска и Норвешка, односно 16, 19 и 21 процент.