Македонците сакаат да купуваат нови автомобили од салон – се помалку се актуелни оние кои се увезувани и употребувани

Се помалку се увезуваат употребувани возила, а граѓаните се повеќе сакаат да си купат нови од салон.

Статистиката за увоз на возила на Царинската управа на Македонија покажува драстичен пад на увозот на половни автомобили во првите девет месеци. За сметка на тоа зголемен е увозот на нови коли. Така според податоците од Царина од јануари до септември годинава во земјава биле увезени вкупно 21.958 возила. Тоа е за 4.536 возила помалку споредено со првите девет месеци минатата година кога вкупниот увоз на возила изнесувал 21.958 возила.

За девет месеци во земјава се увезени вкупно 3.999 нови автомобили што е за 810 автомобили повеќе споредено со истиот период лани.

На сметка на тоа пак, пишува Е- магазин, за девет месеци увезени се вкупно 15.585 употребувани автомобили што е за 4.966 автомобили помалку споредено истиот период претходната година кога во земјава влегле вкупно 20.4599 половни автомобили.

Статистиката на Царина покажува дека од јануари до септември годинава биле увезени 1.485 употребувани товарни возила и 602 нови, како и 83 употребувани автобуси и минибуси и 6 нови. Од 1 јули 2016 година беше укината можноста граѓаните да увезуваат половни возила од Европската Унија со Евро 3­стандард, осносно може да се увезуваат возила со најмалку Еуро 4 стандард.