„Овцо“, „Козо“, „Куршум во чело“, „Ќе ја удавам во Вардар“, „Сатанистика“, „Лезбејка“ се само дел од коментаите упатени кон евровизиската претставничка Андреа Коевска која предизвика гнев кај јавноста со тоа што го фрли макеоднското знаме.
Овој нејзин гест на големо се дискутира од вчера, но она што е алармантно е што корисниците на социјалните мрежи од земјава не бираат зборови за јавниот линч кон младата пејачка.
Малкумина се оние кои го осудија овој говор на омраза, но има и такви кои порачаа дека ја осудуваат нејзината постапка, но и јавниот линч кој од вчера не престанува на социјалните мрежи.
-Андреа ќе ја праќаат на клада, до таму е стигната работата. Овој говор на омаза е прежесток и го осудувам, вели една Македонка на фејсбук.
-Како да мора да има дежурен кривец кон кој ќе се излева сиот гнев во ова општество. Андреа е на дневен ред. Не доликуваат такви гнасни коментари, иако револтот е голем, смета друг.
-Менталитетот ни е таков. Мора „да се одвашаме“ на некого. Не знам само што добиваме од тоа. Ова е пренапорно, пренегативно. Затоа и почнав да се дистанцирам од фејсбук. Полн е со злобни коментари, констатира една друга млада девојка.
Инаку, говорот на омраза на социјалните мрежи е кривично дело за кое се одговара.