
Македонците не сакаат странските работници на домашниот пазар на труд. Откако Владата ја утврди квотата за работни дозволи за странски државјани за 2026 година, со вкупно 10.000 ангажмани, бурни реакции од страна на граѓаните. Стравуваат за безбедноста со оглед дека овие работници ќе живеат и функционираат тука, што велат граѓаните во соседството. Многумина негодуваат дека на странските работници им се даваат и повисоки плати.
Инаку работници од странски држави најмногу „се увезуваат“ во градежниот и угостителскиот сектор.
Најголемиот дел, 9.750 дозволи, е наменет за редовно вработување на странци, додека 200 се за упатени странци, а 50 за сезонски ангажмани.
Ев едел од реакциите на македонските граѓани:
- Работник од Непал, Бангладеш и други нема да ти дојде овде да работи за минимална плата, ке дојде можеби за да следниот месец избега во Хрватска , Црна Гора и сл.
- Алал да ви е доизбркајте ги и овие млади што останаа.
- Веќе се распоредени по фирми, хотели... Големите газди немаат време за чекање.
- А за 10.000 невработени Македонци што правиме?
- Имено, "живееме" или "животариме" кој како, токму од овие луѓе. Затоа што Македонија е преполовена во однос на население. Ако порано имало три паралелки по 35-36 деца во одделение, сега едвај има две паралелки од по 20-23 деца. На ниво на училишта, пресметај во бројки колку е. Македонија тивко пропаѓа последниве десет години, драстично. Само нема кој да каже.
У Велес веќе има повеќе од 20 странски работници од Пескара до Жито
— Starecot (@pechalbarot) January 15, 2026
Сите странски работници, имаат скоро дупло плата од нашите.
Мин 600$, придонеси за неписмен општ работник, плус сместување, храна, провизија за агенцијата која го носи, трошоци за работна виза и се останато— It is I, Leclerc (@nepartiskibot) September 21, 2025