Македонците навалија на становите во Грција, за малку пари добиваат гарсоњера

Македонците навалија на становите во Грција. Откако Грција е во криза, цените на недвижностите се намалени. 

Грците се повеќе огласуваат во српските и македонските  агенции дека продаваат имот. Станови, куќи, вили па дури и хотели.

Сега за 10.000 до 15.000 евра може да се купи гарсоњера или еднособен стан, кој е за реновирање и се наоѓа во Солун или на Халкидики. 

Во Солун има и цени од 300 евра за квадрат, а просекот е 1000 евра. 

За луксуз варијанти и на двете места цените се и до 3000 евра. 

Се нуди и деловен простор по поволни цени. 

Поради сигурност, овие договори купувачите треба да ги склучуваат со посредник.