Македонците кои шопингуваат во Грција, Германија, Турција не си го враќаат платениот Данок на додадена вредност

Една третина од Македонците кои шопингуваат во Грција, Германија, Турција не си го враќаат платениот Данок на додадена вредност (ДДВ) во продавниците и трговските центри таму. Дел од граѓаните не знаат дека можат да си побараат таканаречен такс фри формулар или пак не се информирани дека воопшто може да се земе данокот назад, анализира Фактор

Сепак од исплатните места во Скопје велат дека во последните неколку години значајно се зголемил интересот на граѓаните за поврат на ДДВ-то.

Нема податок колку точно пари сме можеле а не сме подигнале, затоа што пресметките одат во земјите каде пазарувале граѓаните.

Инаку во секоја земја е различен минималниот праг кој треба да се потроши за воопшто да се земе повратот.

Се разбира во секоја земја и данокот се пресметува по различна стапка.