Македонците јадат најевтина храна во Европа, Швајцарците најскапа

Најскапа храна во Европа има во Швајцарија, а најевтино се хранат Македонците, пакажува интражувањето на Евростат.

Хотелите и рестораните во Хрватска е поевтини за 29 отсто од европскиот просек, но никој не може да се мери со ниските цени во Црна Гора. Црногорците се дупло поевтини од некои други европски земји.

Меѓу европските земји најскапа е Данска кога станува збор за храната, безалкохолните пијалоци и обувки, а кога станува збор за облеката, најмногу ја плаќаат во Шведска. Облеката и обувките се најевтини во Турција.

Кога станува забор само за членките на ЕУ, цената на животните намирници е најниска во Полска, Романија и Бугарија.

Во тој сегмент, надвор од ЕУ, Србија и БиХ се поевтини од Хрватска.

Цената на цигарите и алкохолот во Ирска се дури 75 отсто над европскиот просек.