Македонците и Хрватите ривали на теренот, огромни пријатели на трибините

Хрватска и Македонија вчера се соочија во третото коло од групната фаза на Светското првенство во ракомет.

Иако натпреварот беше неизвесен, на крајот Хрватска забележа висока победа од 31:22.

Сепак, ривалството на теренот не беше ривалство и помеѓу навивачите.

Хрватскиот портал “Индекс”, објави фотографија од заедничка дружба на македонските и хрватските навивачи кои заеднички ги бодреле своите репрезентации.