Македонците често забораваат на основните бон-тон правила – како треба да се однесувате на состанок, а како во јавност

Ги знаеме, но често забораваме на основните бонтон правила, и забораваме да ги применуваме кога тоа се бара од нас.

Тие не се правила кои се учат како лекција, туку само начин на кој се однесуваме.

Како потсетник, направивме листа од 15 основни правила, за кои веруваме дека сите ги знаеме, кои се многу прости, а ако ги применуваме ќе оставиме добар впечаток за нас.

1.Ако кажете: “Ве поканувам на ручек, вечера или кафе”, тоа значи дека вие ја плаќате сметката. А ако кажете “Ајде да излеземе...”, тогаш секој си плаќа за себе.

2.Никогаш не одете кај некој, ненајавено. Веруваме дека ниту вие не сакате кога некој од еднаш ќе ви се појави на врата.

3.Во јавност, никогаш телефонот не го ставајте на маса. Така покажувате дека ви е досадно и дека сте спремни во секој момент да отворите Фејсбук или Инстаграм.

4.Не излегувајте на состанок, ако мислите дека цела вечер ќе поминете на телефон.

5.Ако со некој друг одите по улица, и тој поздравува некоја трета личност која вие не ја знаете, и вие треба да се поздравите.

6.Поголемиот дел од луѓето сметаат дека е исправно да јадете суши со помош на стапчиња. Но, мажите за разлика од жените, можат да јадат со раце.

7.Чевлите секогаш треба да ви бидат чисти.

8.Ако некој ве навреди, не треба да му враќате и да кревате глас. Никогаш не се спуштајте на неговото ниво. Насмејте се и тргнете се на страна од безобразни луѓе.

9.Мажите секогаш одат од левата страна на жената.

10.Работи кои треба да бидат тајна: години, богатство, семејни кавги, религија, здравствени проблеми, љубовни афери, подароци...

11.Во театар, кино или на концер, до своето место треба да дојдете така што со лице ќе бидете свртени кон оние пред кои поминувате.

12.Ако некој безобразно ви се обрати со: “Ти тамо...”, не му одговарајте...

13.Златно правило за користење на парфем е умереност. Ако си го почувствувате парфемот и во доцните вечерни часови, а го ставивте рано наутро, тоа значи дека сте претерале.

14.Кога ќе влезете во просторија полна со луѓе, вие сте тие кои први треба да се поздравите.

15.Ако ви е простено, откако се извинивте, немојте повторно да ја отворате таа тема.