Македонци во Aвстрија може да влезат само со потврда за целосна имунизација

Австриското Министерство за здравство подготви нова регулатива за епидемиолошките мерки, со што Македонија, како и сите други земји од Западен Балкан, се ставени на „црвената листа“. Покрај Македонија и другите земји од Западен Балкан, САД, Ерменија, Азербејџан, Брунеи, Израел, Јапонија и Тајланд исто така отпаднаа од листата на земји со низок епидемиолошки ризик.

Отсега, од овие земји е можно да се влезе во Австрија само со потврда за целосна имунизација.

Само Уругвај, кој до неодамна беше меѓу земјите каде се шири новиот вирус, беше ставен на „зелената листа“.