Македонци ограбени додека пазареле во Солун

Македонски туристи пред два дена биле ограбени на паркингот на ИКЕА во Солун, каде застанале да пазарат враќајќи се од одмор.

Никола Горгиевски, кој е една од жртвите на разбојниците во Грција, за „Плусинфо“' го раскажа непријатното искуство.

– Го отворивме багажникот на автомобилот и беше празен, а имавме три куфери, лап топ и многу други вредни работи. Јасно е дека по овој шок отидовме директно да разговараме со обезбедувањето на ИКЕА и ова беше само почеток на нашата драма! Да се ​​посети продавница ИКЕА и да се ограбува во текот на денот на нивниот паркинг е незамисливо и нешто што никогаш не мислев дека би можело да се случи – вели Горгиевски.

Веднаш отишле кај персоналот да пријават, но наместо брза реакција оттаму им рекле дека тој дел од паркингот каде тие го оставиле автомобилот не бил добро покриен со видео надзор.

Ние ги сторивме сите процедури како што бараа, бевме во полициска станица, дадовме изјави итн. Поминавме неколку часови возејќи се напред и назад кон ИКЕА и полициската станица и немавме дополнителни информации што треба да правиме понатаму – вели македонскиот турист посочувајќи дека се на пат да се вратат назад со празен автомобил.