
Македонскиот генијалец Македон Димитровски по бројните награди кои ги освои, дојде до врвно достигнување кое ќе го заокружи неговото знаење.
Неговиот татко, Владимир Димитровски ја информираше јавноста дека Македон е примен на Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во САД на програма што е наменета за ученици со исклучителни академски способности од целиот свет.
Приемот на оваа престижна образовна програма претставува уште едно потврдување на неговиот исклучителен талент, знаење и посветеност. Учеството ќе му овозможи да стекне нови знаења, да работи со врвни академски кадри и да се поврзе со други исклучително успешни млади луѓе од различни делови на светот.
За Македон, кој во изминатиот период привлече внимание со своите успеси и освоени награди, ова е уште еден значаен чекор во неговиот образовен и академски развој.