Мајките во Македонија со поделено мислење за продолжување на породилното отсуство

Од неодамна се спроведена една иницијатива за продолжување на породилното отсуство од 9 на 18 месеци. Беа собрани потписи, од луѓе кои што ја поддржуваат иницијативата.

Но, сепак, мајките во Македонија се со поделено мислење околку продолжувањето на породилното боледување.

Едни сметаат дека истото треба да биде продолжено и да биде 18 месеци. Мајките да имаат повеќе време за своите најмили. Сметаат дека бебе на 9 месеци е многу мало за да го остават да го чуваат баби и дедовци или пак да оди во градинка, каде што ќе е исто така многу тешко.

На едни мајки пак сосема им се доволни 9 месеци за боледување, сметајќи дека нивните деца веќе се поголеми и може да ги чува било кој. Да одат во градинка и уште од најмала возрас да се учат на некои навики, манири. Да се дружат со деца, нивна генерација. Се ставаат и тие во план, бидејќи сметаат дека и на нив ќе им е досадно да се дома, а подобро ќе им биде да се вратат на работните обврски.

Некои мајки се плашат дека во рок од 18 месеци, нивното работно место ќе биде заменето, и дека подоцна нема да има место за нив, па од таа причина не ја подржуваат иницијативата.

Како и да е, останува надлежните да ја донесат исправната одлука.