Мајките се силни, но и ним им е потребна прегратка и поддршка

Нина Давина е позната блогерка и мотивациски говорник од Словенија. Таа неодамна сподели интересна ситуација на социјалните мрежи, која го погодува срцето на секоја жена и мајка.

Денеска присуствував на една сцена во продавница која ме поттикна да размислувам за емпатијата. Додека купував, во продавницата влезе мајка со својот шестгодишен син. Таа одби да му купи нешто што му се допадна и веднаш настана хистерија во продавницата.

Малото момче врескаше, плачеше, а неговата мајка се трудеше да го смири. Некои од присутните ја гледаат со осудување, превртувајќи ги очите, а други ја игнорираа. 

По некое време, момчето престана да плаче, бурата помина и застана мирно до својата мајка. Тогаш погледнав во нејзиното лице. Таа делуваше многу исцрпено. На нејзиното лице се гледаше замор и имаше знаци од лошиот ден или недела како и стресовите со кои се сооочува. Делуваше беспомошно, но и разочарано. 

Секој од нас често е критичар на другите мајки, без оглед на тоа дали имаме или немаме деца. Дали превртувате очи на ваквите ситуации? Дали ја осудувате мајката чие дете плаче без некоја посебна причина? Дали си велите дека можеби вие подобро би ја исконтролирале ситуацијата?

Излегов во исто време од продавницата со неа. Не знаев што да и кажам. Само ја допрев за рамото и реков да не се грижи. Ти си сјајна мајка, и реков. Не знаев дали е толку добра мајка, но знаев дека сака да го слушне тоа по оваа ситуација. Ги почувствував нејзините солзи.

Не заборавајте дека и на мајките им е потребна поддршка. Тие даваат сè од себе, но не се семоќни. Потребна е емпатија и љубов, а не осудување. Најлесно е да осудиме некој друг околу себе, без да ја знаеме неговата приказна.